За Петар

Петар Стојковиќ (роден 11/09/1985 во Скопје) е актер кој работи на театарски, телевизиски и филмски проекти. Тој е посветен активист за човекови права и дел од ЛГБТ движењето во неговата земја.

Резиме

Образование

Дипломиран актер

Факултет за драмски уметности (Скопје, Македонија)
просек 9.29 на скала од 10.00

Јун 2009

Работа

Главен и одговорен уредник

QUEER.MK - Квир магазин (Скопје, Македонија)

Управување со сите активности и политики на редакцијата.

Мар 2014 ~ денес

Односи со јавност

Цивил - Центар за слобода (Скопје, Македонија)

Дисеминација на информации во медиумите и интернет просторот.

Мар 2014 ~ Јул 2014

Односи со јавност

Женска Алијанса (Скопје, Македонија)

Менаџмент на ширењето на информациите помеѓу организацијата и публиката.

Сеп 2013 ~ денес

Актер (како гостин)

Театар за деца и младинци (Скопје, Македонија)

Страшливиот Лав во "Волшебникот од Оз" од Лиман Френк Баум, мјузикл во режија на Боњо Лунгов. Има настапувано и како Кралот Срце во "Алиса во земјата на чудата" од Луис Керол, претстава во режија на Александар Ивановски.

Мај 2011 ~ Дек 2012

ИТ менаџер

Групација Медобил (Скопје, Македонија)

Администрација на вебсајтови, SEO и интернет маркетинг.

Авг 2011 ~ Јул 2012

Актер

Македонска Радио Телевизија (Скопје, Македонија)

Една од главните улоги во "Зборуваме македонски", телевизиски мини-серијал во режија на Владо Денчов. Емисијата е посветена на правописот и правоговорот, во уредништво на Ленче Смилевска.

Јан 2008 ~ Апр 2008

Почести & Награди

Награда за колективна актерска игра

19ти Меѓународен фестивал на театри за деца - Суботица

Доделена на актерската екипа од "Волшебникот од Оз", мјузикл во продукција на Театар за деца и младинци (Скопје, Македонија).

Мај 2012
Суботица, Србија

Галерија

Петар Стојковиќ на Парадата на гордоста во Амстердам 2013
амстердам 2013

Парада на гордоста

Петар Стојковиќ беше еден од интернационалните гости поканети од Народната партија за слобода и демократија кои зборуваа во Амстердам за нивните земји и проблемите со кои се соочуваат.

Петар Стојковиќ во Кафе Ли
промоција на роман

Тринаесетиот месец

Петар Стојковиќ и Мартина Тапарчевска читаа извадоци од "Триенаесетиот месец", роман на Александар Русјаков објавен во декември 2012.

Петар Стојковиќ во Волшебникот од Оз
мјузикл

Волшебникот од Оз

Базиран на "Волшебникот од Оз", детска новела напишана од Лиман Френк Баум, првично објавена во 1900 година.

Петар Стојковиќ во Алиса во земјата на чудата
театарска претстава

Алиса во земјата на чудата

Базирана на "Алиса во земјата на чудата", новела од 1865 година напишана од англискиот автор Чарлс Лутвиџ Доџсон под псевдонимот Луис Керол.

Петар Стојковиќ во Европскиот Парламент
Јавна дебата

Замолчување на новинарството

Слободата на новинарите и медиумите во Република Македонија

Петар Стојковиќ протестира против полициската бруталност во Македонија
протести

Стоп на полициската бруталност

Протестите против полициска бруталност беа демонстрации кои започнаа на 6 јуни 2011 година како резултат на убиството на 21 годишниот Мартин Нешкоски кој беше претепан до смрт од страна на Игор Спасов, припадник на специјалната полициска единица Тигри.

Петар Стојковиќ во Вртелешка
театарска претстава

Вртелешка

Напишана од Артур Шницлер во 1897 година (објавена 1900 год). Таа ги проучува сексуалните морали и класната идеологија во тоа време преку серија средби помеѓу парови од карактери. Со одбирањето на ликови од сите сталежи на општеството, претставата нуди социјален коментар за тоа како сексуалниот контакт ги преминува границите на класите.

Петар Стојковиќ на Маршот за толеранција
настан

Марш за толеранција

Одбележување на 16ти ноември, меѓународниот ден на толеранција. Во 2012 година настанот беше посветен на ЛГБТ популацијата во Македонија која веќе подолго време е мета на хомофобична кампања, а неодамна резултираше со напад на ЛГБТи центарот за поддршка во Скопје и неколку хомофобични изјави од високи владини претставници.

Петар Стојковиќ во Волшебникот од Оз

Волшебникот од Оз, мјузикл

Продукција: Театар за деца и младинци - Скопје
Година: 2011
Режија: Боњо Лунгов
Прв асистент на режија: Маја Енчева
Втор асистент на режија: Константин Каракостов
Адаптација: Маја Енчева
Музика: Михаил Шишков
Сценографија/костимографија: Дијана Прванова
Превод: Никола Маџиров
Мултимедиа: Величко Каракостов
Видео продукција: Петко Лунгов
Аудио продукција: Ален Хаџи Стефанов

Играат:
Нина Деан, Мартин Јорданоски, Ефтим Трајчов, Петар Стојковиќ, Драган Довлев, Тања Кочовска Павловска, Ана Левајковиќ Бошков, Марија Ѓорѓијовска

Посети вебсајт Затвори
Петар Стојковиќ во Алиса во земјата на чудата

Алиса во земјата на чудата, претстава

Продукција: Театар за деца и младинци - Скопје
Година: 2011
Режија: Александар Ивановски
Адаптација: Васил Пујовски
Музика: Љупчо Мирковски
Сценографија/костимографија: Елена Дончева
Графички дизајн: Кристина Јорданова

Играат:
Марија Ѓорѓијовска, Предраг Павловски, Тања Кочовска Павловска, Катарина Илиевска Силјановска, Винета Дамческа, Петар Стојковиќ, Ана Левајковиќ Бошков, Драган Довлев

Посети вебсајт Затвори
Петар Стојковиќ во Европскиот Парламент

Замолчување на новинарството: Слободата на новинарите и медиумите во Република Македонија, јавна дебата

Настан: Јавна дебата во организација на Алијансата на либерали и демократи за Европа
Дата: Вторник, 20 септември, 2011 18.30-20.30
Локација: Брисел, Европски Парламент ASP 5G1

Домаќини на настанот:
Јелко Кацин, Јорго Шацимаркакис и Мариетје Шаке

Говорници:
Борјан Јовановски, поранешен новинар во А1 телевизија и член на УО на МХК
Билјана Секуловска, поранешен уредник на вестите од надворешната политика во А1 телевизија
Маргарита Цаца Николовска, претседател на Институтот за човекови права и уставен судија во Босна и Херцеговина
Слободанка Јовановска, новинар во Утрински Весник
Петар Стојковиќ, актер и член на УО на МХК

Говорот на Петар Посети вебсајт Затвори
Петар Стојковиќ протестира против полициската бруталност во Македонија

Стоп на полициската бруталност, протести

Злочинот: Млад човек беше брутално претепан до смрт од страна на припадник на полицијата на плоштадот во Скопје. Министерството за внатрешни работи се обиде да го прикрие настанот!

Нашиот одговор: По дознавањето на вистината преку друштвените мрежи, започнавме со секојдневно одржување на мирни протести против полициската бруталност.

Нивниот одговор: Поради притисокот тие го признаа убиството. Иако, освен сторителот на убиството, ниеден друг не понесе командна одговорност. Започнаа со безмилосна кампања против нас.

Нашата борба за правда и ставање крај на полициската бруталност продолжи понатаму. Ѓраѓаните беа на улиците се додека предметот не доби судска разврска, а убиецот максимална казна за стореното дело.

Повеќе информации Погледни видео Затвори
Петар Стојковиќ во Вртелешка

Вртелешка, театарска претстава

Продукција: Факултет за драмски уметности - Скопје
Во соработка со: Детски театарски центар
Година: 2009
Режија: Владимир Милчин
Асистент на режија: Сузана Киранџиска
Превод: Надица Стамболџиоска
Музика: Миодраг Нечак
Сценографија: Крсте Џидров
Костимографија: Марија Папучевска

Играат:
Мартин Јорданоски, Сања Арсовска, Симона Спировска, Славица Манаскова, Ѓорѓи Нешкоски, Марија Бејкова, Ангелка Наскова, Петар Стојковиќ, Јана Стојановска, Емра Куртишова, Марјан Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски, Мартина Тапарчевска, Кристина Леловац, Благоја Веселинов

Затвори
Петар Стојковиќ на Маршот за толеранција

Марш за толеранција, настан

Со маршот во 2012 година се даде поддршка за жените кои исто така беа мета на негативна кампања со говор на омраза која имаше цел да ги исклучи и елиминира сите различности во општеството и фокусирана на жените чии приоритети не се вклопуваат во традиционалната улога на жените во општеството.

Хелсиншкиот комитет за човекови права и Коалицијата за сексуални и и здравствени права на маргинилизираните групи побараа од владата на Република Македонија да го промени кривичниот закон во сегментот на санкции за злосторства од омраза и говор на омраза по основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Посети вебсајт Затвори
Петар Стојковиќ во Кафе Ли

Тринаесетиот месец, промоција на роман

Промоцијата се одржа во кафе ресторанот Ли во Скопје на 23ти март 2013 година. Фановите на Александар Русјаков имаа прилика да ѕирнат во приказните за љубовта, смртта и преобразувањето, како и да уживаат во актерската експресија на Петар и Мартина додека ги читаа извадоците од романот.

Кафе Ли на Facebook Затвори
Петар Стојковиќ на Парадата на гордоста во Амстердам 2013

Парада на гордоста, Амстердам 2013

VVD (Народна партија за слобода и демократија) цели да поканува четири активисти за ЛГБТ права од цела Европа за да го нагласи интернационалниот карактер на нивната борба за еднакви права. За време на престојот на Петар во Амстердам, тој се сретна со претставници од владини и невладини организации во Холандија. Воедно, Петар одржа говор за позицијата и пристапот до човекови права на ЛГБТИ заедницата во Република Македонија.

Говорот на Петар Затвори

Контакт





Друштвени мрежи

Twitter icon

Мои твитови

Loading..